Во Штип од 10.467 дивоградби, легализирани 3.000

Bez autora
Jan 13 2013

Процесот на легализација на дивоградбите во општина Штип почна во почетокот на март 2011 година, а до овој момент се издадени решенија за легализација на 3.000 вакви објекти. Лазар Хаџиниколов, одговорен во општината за овој процес, информира дека уште 1.900 граѓани на Штип имале поднесено барање за легализација на нивните дивоградби со комплетна документација кои се во тек на обработка, а одбиени се 24 вакви барања поради неможност објектите да бидат легализирани. Со измените на законот во оваа сфера граѓаните имаат можност почнувајќи од декември минатата година, па во наредните 18 месеци да ја комплетираат својата документација во овој процес. Го почнавме информирањето на штипјани преку локалните медиуми за оваа можност бидејќи се соочивме со 5.500 некомплетни предмети во однос на барања за легализација.

Во Штип од 10.467 дивоградби, легализирани 3.000Процесот на легализација на дивоградбите во општина Штип почна во почетокот на март 2011 година, а до овој момент се издадени решенија за легализација на 3.000 вакви објекти.

Лазар Хаџиниколов, одговорен во општината за овој процес, информира дека уште 1.900 граѓани на Штип имале поднесено барање за легализација на нивните дивоградби со комплетна документација кои се во тек на обработка, а одбиени се 24 вакви барања поради неможност објектите да бидат легализирани.

„Со измените на законот во оваа сфера граѓаните имаат можност почнувајќи од декември минатата година, па во наредните 18 месеци да ја комплетираат својата документација во овој процес. Го почнавме информирањето на штипјани преку локалните медиуми за оваа можност бидејќи се соочивме со 5.500 некомплетни предмети во однос на барања за легализација“, вели Хаџиниколов.

Според направените анализи за состојбите со легализацијата на дивоградбите, Штип е водечка општина во Македонија, која навреме го започна процесот, а граѓаните покажаа голем интерес да си ги решат своите (не)спорни прашања во однос на изградби, доградби, надградби и други дивоградби.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik